Спасовски најави три крупни проекти за Куманово

26.11.2016 09:42 | KumanovoNews

 Три крупни проекти за Куманово, доколку победат на изборите на 11 декември, најави носителот на листата на Коалицијата на СДСМ Оливер Спасовски на синоќешното претставување пред граѓаните во населбата „Гоце Делчев“.

Спасовски најави три крупни проекти за Куманово

-Целосна гасификација на градот, трајно решавање на проблемот со водоснабдувањето и изградба на современа депонија за цврст отпад, се приоритетите во нашата програма кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните. Ова се реални проекти кои ќе ги финансираме со средстав од државниот буџет. Оваа битка мора да биде и битка за Куманово. Да овозможиме преку владата да се помогне на општината, да се реализираат врвни проекти, - рече Спасовски.

Тој обвини дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се случи криминална приватизација на стопанските субјекти во градот. Сите големи и успешни фабрики беа приватизирани од луѓе на партијата на власт, која го присвои имотот а вработените ги остави на улица.

-И денеска се чудам како е можно претставници на владата да ветуваат дека ќе ги  рестартираат стопанските капацитети во Куманово кои одамна не постојат или се уништени. Житомел го оставија да го испокрадат и запалат, Први мај е целосно урнат, Кожара незнам дали постои како објект, а ветуваат дека ќе го рестартираат и Ладилникот кој работи од 2006 година. Тие мора да одговараат за криминалната приватизација и за тоа што оставија многу стечајни работници без парче леб, - рече Спасовски.

Тој го повика неговиот политички опонент Никола Тодоров на дебата на една од локалните или национални телевизии за да разговараат за состојбите во Куманово и да најдат одговор на прашањето зошто североисточниот регион е најнеразвиен регион во државата.

Пред граѓаните синоќа се претставија и кандидатите за пратеници: Максим Димитриевски, Лидија Тасевска, Мирослав Јовановиќ и Мартин Захариев.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk