Спасовски: Најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја

15.10.2017 17:25 | KumanovoNews

Денеска е важен ден  за Република Македонија, а најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја на локалните избори, на кои се гласа за градоначалници и совети, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако гласаша во основното училиште Христијан Карпош во Куманово.

Спасовски: Најважно е граѓаните слободно да ја изразат својата волја

„Најважно од се е граѓаните на Република Македонија да можат денеска самостојно да ја донесат својата одлука. Да имаат можност без притисоци, без закани и уцени да го остварат своето гласачко право. Апелирам до граѓаните на еден достоинствен начин да покажеме дека и овој ден ќе даде придонес кон реформите во македонското општество“, рече Спасовски.

Тој потенцира дека за Република Македонија е многу важно да покаже дека има капацитет да организира фер и демократски избори, а за тоа треба свој придонес да дадат и политичките партии.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk