Спасовски: Очекувам ДИК и Судот да постапат според законот

10.04.2013 10:34 | KumanovoNews

 Куманово никогаш не било толку понижено како што тоа се случило вчера, кога полицијата упаднала во ОИК за да ги одземе избирачките списоци, вели шефот на Општинскиот изборен штаб,Оливер Спасовски.

Спасовски: Очекувам ДИК и Судот да постапат според законот

 Според него, и во времето на комунизмот во Куманово не се наметнувале решенија за градоначалници, па нема да дозволат тоа да го напрви ни ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, тој го повика кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија„, Зоран Ѓорѓиевски да го признае поразот и да ја честита победата на политичкиот противник, наместо со сила да се бори да седне во градоначалничката фотеља.

-  Немој докторе да бидеш марионета на ВМРО-ДПМНЕ, немој да го рушиш својот авторитет и тоа малку што го имаш. Од вчера не си веќе истиот Зоран што се продаваше во изборната кампања, затоа што дозволи заради хировите на Груевски, да те наместат во општинското столче, да дозволиш да повикуваат твои сограѓани на информативен разговор, и преку преку полиција да те инсталираат во фотелјата на градоначалник. Граѓаните тоа нема да го дозволат. Нема да дозволиме да се фалсификува волјата на избирачите. Упатувам јасна порака до секој владин функционер, до секој режисер на ова сценарио, да се повлече додека е време. Ќе протестираме мирно, ќе искажеме верба во институциите на системот и очекувам дека ДИК и судските институции ќе постапуваат според законот, а не по партиски наредби - кажа Спасовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk