Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека синоќа од Србија во Македонија е екстрадиран новинарот и сопственик на интернет порталот „Буре весник“ Зоран Божиновски,пренесоа националните медиуми.
Новинарот Божиновски беше уапсен вчера во Нови Сад, врз основа на меѓународна потерница која беше распишана против него во ноември 2013 година, како осомничен во случајот „Шпион“.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува разочараност од одлуката на српските власти да го екстрадираат во Македонија новинарот Зоран Божиновски, кој е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Веруваме дека одлуката на српските власти е политички мотивирана и ќе предизвика сериозна штета врз слободата на медиумите не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Со екстрадицијата Србија свесно го изложува на непотребен ризик новинарот Божиновски, иако претходно беа информирани за заканите што врз него ги упатуваа највисоките претставници на власта. Српската влада ќе сноси одговорност ако Божиновски во македонските затвори биде изложен на нечовечки третман“, се вели,меѓу другото во соопштението на ЗНМ испратено до медиумите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk