Спасовски: Велигденските празници да ги прославиме во кругот на семејството

15.04.2020 12:47 | KumanovoNews

 Премиерот Оливер Спасовски апелираше до граѓаните велигденските празници да ги прославата во кругот на семејството,  да седат дома, да не се групираат и да ја почитуваат социјалната дистанца.

Спасовски: Велигденските празници да ги прославиме во кругот на семејството

-  Јас упатив порака пред неколку дена во која реков дека сега е моментот велигденските празници да ги прославиме дома, во кругот на нашите семејства и во духот на нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верските објекти ниту ни за непрактикување на верата. Тоа не може да се донесе. Во ниту една состојба, во која може да се најде државата, не може, затоа што тоа е право кое е неприкосновено. Меѓутоа, знаете дека имаме ставови, одлуки на МПЦ и ИВЗ што се однесува на почитувањето на мерките на државата, за социјална дистанца. Апелирам до граѓаните за време на велигденските празници да останеме дома, во кругот на нашите семејства, така најбрзо ќе го победиме ова зло, односно спречување на ширење на вирусот“, рече Спасовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk