Спасовски во посета на млекарницата „Бучен Козјак“

30.06.2020 10:02 | KumanovoNews

 Носителот на кандидатската листа за пратеници во Втората изборна единица Оливер Спасовски, заедно со  кандидатката за пратеничка Лидија Тасевска, денеска ја посети млекарницата „Бучен Козјак“, препознатлив македонски бренд во производството на квалитетни млечни производи.

Спасовски во посета на млекарницата „Бучен Козјак“

„Континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се истакнуваат и за кое се наградени, како со многубројни признанија од релевантни институции, така и со довербата од граѓаните. Продолжуваме да креираме услови за напредок на нашите компании, за модернизација на процесите, за зголемена продуктивност и конкурентност, сѐ со цел трансформација на новата македонска развојна економија“, - објави Спасовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk