Спомен куќата на Карпош дадена на користење на Музеј Куманово

28.08.2015 10:10 | KumanovoNews

На последната седница на Советот на општина Куманово е изгласана одлука со која Спомен куќата на народниот херој Христијан Тодоровски -Карпош, се дава на користење на Музеј Куманово.

Спомен куќата на Карпош дадена на користење на Музеј Куманово

Директорката на Музеј Куманово, Анита Цветановска вели дека е изготвен проект и елаборат и догодина овој објект ќе биде реновиран од Министерството за култура.

Ќе биде поставена внатре нова поставка, значи ќе ја реновираме и ќе ја приспособиме за натамошна презентација. Оваа година од Министерството за култура доста Спомен куќи, спомен обележја низ целава држава беа обновени, конзервирани, реконструирани, така што стасавме и ние на ред и во 2016 година сме во програма. Се надевам дека на општо задоволство на сите, пред се на кумановци ќе имаме нешто обновено, конзервирано, реставрирано - вели Цветановска.

Таа додава дека овој објект за нив е од огромно значење и ќе се трудат да го уредат по најнови стандарди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk