Споменикот на Тито исчистен од графити, полицијата го бара сторителот

26.05.2018 16:40 | KumanovoNews

 Кумановската полиција работи на откривање на лицето кое синоќа испиша недолични графити на спомен плочата на Јосип Броз Тито во центарот на Куманово.

Споменикот на Тито исчистен од графити, полицијата го бара сторителот

Полициски избори велат дека плочата била осквернавена околу 23 часот, а имало и очевидци на настанот.  Случајот кај нив бил пријавен 50 минути по полноќ и започната е истрагата. Од понеделник ќе бидат прегледани и видео записите на околните објекти и банки, заради откривање на сторителот.

Вандализирањето на споменикот на Тито со нацистички пораки ја згрози кумановската јавност. Граѓаните се едногласни дека виновникот треба под итно да се најде и да се казни.

Со осуда на постапката излегоа градоначалникот Максим Димитриевски, претседателката на Советот Атина Мургашанска и од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.     

По барање на Општината Куманово утринава екипи на јавните претпријатија излегле на терен и ги исчистиле чкртаниците од споменикот и плочникот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk