Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно информативниот центар на Србите во Македонија - „Спона“, pо повод претстојните божиќни и новогодишни празници, со помош на своите пријатели, спортисти и луѓето со добра волја, организира акција за собирање средства за купување на пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства.
„Да им помогнеме на најмладите да имаат посреќни празници. Ги повикуваме сите добри луѓе да ни се придружат, да се дружиме и заедно да собереме средства за пакетчиња. Хуманитарната забава „ПОДАРИ РАДОСТ“ закажана е за сабота (17.декември 2016), во просториите на МКЦ во Скопје од 21.00 часот. , - вели Милутин Станчиќ, претседател на „Спона“.
Мотото на акцијата е „ПОДАРИ РАДОСТ - Среќата е поголема кога се дели!„, а на забавата можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои имаа сакаат да се дружат и да донираат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk