„Спона“ организира хуманитарна акција за новогодишни пакетчиња

22.12.2023 11:57 | Сузана Николиќ

Културно-информативниот центар на Србите во Македонији - „Спона“, организира хуманитарна акција „Подари радост“, за донирање на новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите семејства од руралните средини.

„Спона“ организира хуманитарна акција за новогодишни пакетчиња

Акцијата ќе се одвива секој ден до 13 јануари, Стара нова година во кафулето „Кафе бар Трговски“ во населбата Гоце Делчев. Дел од соберените пакетчиња ќе биде поделено пред Нова година, а дел за празникот “Свети Сава”.

„Иако времето во кое живееме ни наметнува некои нови вредности и приоритети, тоа дефинитивно не е причина да не се зачува вербата во исконските вредности на човештвото, хуманоста и емпатијата. Кога им помагаме на другите, си помагаме себеси и на целото човештво, бидејќи преку давањето сфаќаме дека доброто во светот се воспоставува преку личните постапки, а чувството што се јавува кога им помагаме на другите не исполнува со радост и среќа”, изјави Емил Ташевски, член на „Спона“.

Хуманитарна акција „Подари радост“ веќе дванаесет година се организира во Скопје, а трет пат во Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk