“Спореден влез“ подготвен за печатење

21.02.2014 10:52 | KumanovoNews

Наскоро ќе излезе од печат новиот број на списанието “Спореден влез“, кое го подготвуваат учениците од гимназијата „Гоце Делчев„, а обработува теми поврзани со активностите во училиштето, случувањата во градот и пошироко.

“Спореден влез“ подготвен за печатење

Вториот број треба да излезе од печат, инаку секој месец електронски списанието излегува на веб страната на училиштето. Ангажирани се учениците од литературните клубови и драмски секции, доста се мотивирани. Ги следиме настаните што се случуваат во школото, во градот и пошироко. Приоритет ни е училиштето, но и она што се случува во државата, светот, на полето на филм, мода и друго - вели Лидија Тасевска, ментор на учениците кои пишуваат во весникот.

На подготовка на училишниот весникот работат дваесет ученици, а “Спореден влез“ се издава повеќе од 10 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk