Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите се на маргините на општетвото. Тие се отргнати, демотивирани и разочарани. Ако младите се нашата иднина, тогаш каква иднина имаме? Спортот во Куманово мора да живее, а не да преживува. Младите и спортот за нас се приоритет и овој приоритет го ставаме во нашата програма, изјави кандидатот за советник од ЛДП и ДОМ, Валентин Ефтимовски.
Тој додаде дека во нивната програма е предвидено воведување на буџет за младите, добивање на спортски ваучери, ќе воведат бесплатен влез за сите млади под 18 години на сите спортски натпревари и манифестации.
„Ќе изградиме скејт парк и карпа за спортски алпинизам во Куманово. Ќе организираме баскет лига 3 на 3, ќе отвориме три места за рекреација, ќе организираме кумановска лига во мал фудбал, кошарка, ракомет, пливање и тенис. Почитувани сограѓани, само со вакви конкретни решенија можеме да го направиме градот вистинско место за живеење на сите граѓани“, заврши Ефтимовски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk