Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од четврток до сабота, во Куманово ќе се одржи државната спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада„.
На натпреварувањето ќе учествуваат околу 1000 средношколци од 60 средни училиште во државата. Свеченото отворање ќе биде во четврток во 20 часот во спортската сала Куманово.
„Учесниците ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дициплини: атлетика, ракомет, кошарка, одбојка, фудбал и футсал. За нас е големе чест што можеме да бидеме домаќини на оваа спортска манифестација, бидејќи на овој начин го промовираме градот и ќе покажеме дека сме спортски град, кој се грижи за училишниот спорт како основа за понатамошниот развој на спортот, - изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
Натпреварувањата ќе се одржуваат во спортските сали во училиштата: „Вук Караџиќ“, „Толи Зордумис“, „Христијан Карпош“, „Магдалена Антова“, „Перо Наков“, „Киро Бурназ“, „Браќа Миладиновци“, градската спортска сала, стадионот кај спортската сала и на атлетската патека во Соколана. Во организација на натпреварите се вклучени над 100 професори по физичко воспитување.
„После низа години заобиколување на Куманово, сепак се наметнавме со многу аргументи, пред се со спортската инфраструктура што ја имаме во градот. Тоа беше една од главните причини што ја добивме оваа манифестација, а втората е што во изминатиот период имавме многу успешни организации на вакви настани, каде што нивото на организација е на едно високо ниво.Се надеваме дека со оваа манифестација ќе ја надминеме поставената рамка“, - изјави Жика Крстевски, претседател на организациониот одбор и раководител на Секторот за образование.
Општината одвои 1 милион денари за реконструкција на спортските објекти и за потребите на сместување на професорите. Учениците ќе бидат сместени во семејства на своите врсници. Спортската манифестација е подржана од градоначалникот и Советот на општина Куманово, Фондацијата за училиштен спорт на РМ, Агенцијата за млади и спорт на РМ. Организаторите најавија спектакуларно отварање со многу музички ѕвезди.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk