Спречен шверц на бижутерија и очила

19.04.2012 12:54 | KumanovoNews

 Над 5000 модни додатоци-бижутерија и 110 пара очила, откриени се во патничко комби, кое заради контрола било сопрено на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, во близина на бензиската пумпа на Макпетрол.

Спречен шверц на бижутерија и очила

При контрола на багажниот простор на возилото, мобилните екипи на Царината, во црни најлонски кеси пронашле 5.085 модни додатоци-бижутерија, а во рачен багаж биле пронајдени 22 пара очила за сонце, 15 пара очила со диоптрија и 73 пара рамки за очила.

Сопствениците, не поседувале документација за потекло и платени царински давачки за стоката.

 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk