Спречен шверц на часовник вреден 12.000 евра

08.01.2015 12:22 | KumanovoNews

Двајца македонски државјани се обиделе да прошверцуваат рачен часовник Ролекс вреден 12.000 евра.

Спречен шверц на часовник вреден 12.000 евра

Пријавените со автомобил со македонски регистарски таблички, се пријавиле за влез во Република Македонија на граничниот премин Табановце автопат. При преглед на возилото на задното седиште биле пронајдени украсна кеса, во која имало кожна футрола за рачен часовник, картичка за гаранција и фактура за рачен часовник марка Ролекс на износ од 1.487.000 српски динари, што сопатничката во возилото го сокрила под блузата. Двајцата патници планирале часовникот да го внесат во Република Македонија без да го пријават.

Против нив Царинската управа во декември поднесе кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk