Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На граничен премин Табановце вчера царинските службеници спречија шверц на еден килограм високо квалитетна марихуана.
Дрогата е откриена во автомобил “фолксваген голф“ со македонски регистарски ознаки, управуван од А.И.(27) од Скопје. Осомничениот два дена пред тргнувањето на пат, од лице кое не го познава ја купил марихуаната за 400 евра. Откако ја купил марихуаната, едното пакување го сокрил во просторот кај моторот под филтерот за воздух, додека другото пакување го сокрил позади инструмент таблата, а потоа се упатил кон граничниот премин Табановце со намера дрогата да ја пренесе до Прешево во Србија.
Запленетата марихуана на западно европскиот пазар во продажба на големо би достигнала цена од околу 3.000 евра, а доколку би се продавала во помали количини, цената би била неколкукратно повисока.
Осомничениот А.И. е лишен од слобода и истиот ќе биде предаден во Основниот суд Куманово. Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот ќе поднесе кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk