Спречувал полицаец да приведе осудено лице

06.10.2017 13:34 | KumanovoNews

А.М.(30) од с.Никуштак, заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Спречувал полицаец да приведе осудено лице

На 24. септември во 22,00 часот при рутинска контрола во с.Никуштак над возило “Голф-3“, во возилото на совозачко седиште бил затекнат М.О.(34) од с.Матејче осуден со пресуда од Основен Суд-Куманово.

При приведувањето пријавениот ги спречувал полициските службеници, односно го турнал полицискиот службеник кој му ставал лисици за врзување и во повеќе наврати не давал да го приведе М.О.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk