Срамна е сликата на зеленилото во градот, смета ВМРО-ДПМНЕ

07.10.2016 12:41 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини локалната власт дека недоволно се грижи за животната средина и зелените површини во Куманово.

Срамна е сликата на зеленилото во градот, смета ВМРО-ДПМНЕ

„Она што денеска може да го видиме во една од најурбаните средини на нашиот град е една срамна слика за она што требаше да претставува убаво уредено зеленило со забавни и рекреативни содржини за жителите од овој дел на градoт. На сите страни ѓубре, руини, а некогашното место за одмор сега е обраснато со вегетација помешана со смет и оставено на забот на времето. Бараме одговор од локалната власт и директорот на ЈП ”Чистота и зеленило”. Кои се причините што локалното претпријатите со години не презема ништо за да го уреди овој простор?Дали и ова место се чува за една од квази-еколошките акции на СДСМ со цел да се сокрие повеќегодишното неработење на локалната власт? Пред неколку дена излеговте со паролата “Човекот пред се”. Ова запуштено место како и многуте други ве демантираат и ја покажуваат вистинската слика за вашиот однос и ‘’почит’’ кон граѓаните на општина Куманово, - изјави Анета Шандева Доневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk