„Среќко Пужаљка“ ја блокираат граѓани кои не сакаат да платат паркинг, обвинуваат жителите

09.10.2019 11:47 | KumanovoNews

Жителите од улицата „Среќко Пужаљка“ се жалат дека граѓани кои избегнуваат да платат паркин место во централното градско подрачје, секојдневно го узурпираат секој празен простор на нивната улица.

„Среќко Пужаљка“ ја блокираат граѓани кои не сакаат да платат паркинг, обвинуваат жителите

Тие ги паркираат своите автомобила на двете страни од улицата и со тоа го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

- Целата улица е претворена во нелегален паркин, луѓето и кога одат пешки не можат да се разминат, а најголем проблем имаат родителите со колички со своите деца. Ова се случува секој ден во време додека се наплаќа паркинг. Не можеме да стигнеме до нашите домови со возила или не дај боже да затреба да влезе возило на Брза помош или на пожарна, тоа е невозможно, - кажуваат жителите од оваа улица, како и помалите сокачиња што се поврзани со неа.

 Оваа улица ги спојува најголемите училишта во градот „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“ и гимназијата „Гоце Делчев“ и градинската „Ангел Шајче“, поради што е една од најфреквентните во градот. На децата им е загрозена безбедноста, бидејќи наместо по тротоар се движат по улица, а блокирани се и влезовита на училиштата.  

Граѓаните апелираат до надлежните да излезете на терен во работен ден и да видат што се случува, а вооедно и да изнајдат решение како да се регулира сообраќајот на оваа улица.   

Тие испаратиле петиција до Општина Куманово, од каде што сеуште чекаат одговор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk