Среќко Пужаљка не може да се помине од кал

08.02.2017 16:13 | KumanovoNews

Улицата Среќко Пужаљка, која се наоѓа во непосредна близина на основните училиште "Браќа Миладиновци" и гимназијата "Гоце Делчев", не може да се помине од кал.

Среќко Пужаљка не може да се помине од кал

Улицата е раскопана пред неколку месеци поради поставување на фекалната канализација, па со топењето на снегот и со дождот, се претвори во ораница. Заради ваквата состојба реагираат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.  

„Улицата дневно ја користат минимум 1000 ученици и граѓани.Тука не е можно да поминете, а притоа да не се заглавите во кал до колена. Иста е сликата и со улицата "Перо Чичо" која се наоѓа токму пред гимназијата "Гоце Делчев", - изјави Менсур Калач , ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово.

Тој го повика градоначаликот да се прошета по улиците низ Куманово, да види што не направил за овие 12 години.

„Да видат дека улиците низ централното градско подрачје се со кал и ѓубре, атмосферска канализација која не функционира, поради неодржување од одговорните, кејот на реката почнува да личи на депонија, да ги видат дупките со голем пречник каде што веќе има голем број на случаи на граѓани што ги имаат оштетено своите возила. Да видат каква еколошка катастрофа и нехигиена владее во Куманово, сообраќајниот и целиот урбан хаос, - додава Калач.

Од општината Куманово велат дека се запознаени дека има кал на улиците „Среќко Пужаљка„ и улицата „Перо Чичо„ во центарот на градот, и најавуваат дека ќе го изнесат ѓубрето од овие улици во текот на денот, а ќе интервенираат и за чистење на улиците од кал и нанос.

„Што се однесува на фекалната канализација треба да се дополни и дотампонира со матерјал каде што фали. Откако ќе се направи приклучок на индивидуални станбени објекти од тој дел на градот и по испитување Општина ќе пристапи кон реконструкција на дел од  улиците „Живко Чало„ и „Среќко Пужаљка„„- стои во соопштението од Општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk