Среда и понеделник неработни за сите, петок само за граѓаните од православна вероисповед

29.04.2024 12:26 | KumanovoNews

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека среда и понеделник се неработни за сите граѓани, a петок само за граѓаните од православна вероисповед.

Среда и понеделник неработни за сите, петок само за граѓаните од православна вероисповед

Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07):

- 01 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

- 03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

- 06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk