Средношколци ќе учат американска култура и обичаи

30.08.2016 13:58 | KumanovoNews

Во средното училиште „ Перо Наков “ започнува имплементација на проект за изучување на англискиот јазик, американската култура, обичаи и традиции, поддржана од Американската амбасада во Скопје.

Средношколци ќе учат американска култура и обичаи

„Проектот ќе трае две години, а опфатени се 25 ученици од паралеките на македонски и албански јазик. Досегашните искуства се одлични, децата се задоволни, видоа многу нови работи, многу научија за американската култура за историјата за јазикот, имаше многу интересни гости и од Америка кои што дојдоа да ги посетат,- изјави Маја Костова, од Македонски центар за граѓанско образование кои ја спроведуваат програмата.

„Перо Наков“ е второ училиште во Македонија каде што се импелементира програмата.

„Предавањата ќе бидат во библиотеката која што дополнително од организацијата ќе биде опремена со најсовремени надгледни средства што исто така ќе бидат добар бенефит за училиштето,- изјави Лидија Тасевска, директор на СОУ „Перо Наков“

На денешното потпишуваме на меморандумот за соработка присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски кој истакна дека оваа соработка ќе допринесе за подобрување на знаењето на англиски јазик и американската култура, но ќе ја зајакне и соработката на учениците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk