Средношколци ја играат „Госпоѓа министерка„

11.04.2016 12:13 | KumanovoNews

Во Народниот театар Куманово, вечерва премиерно ќе биде изведена претставата „Госпоѓа министерка„, по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на професорите Александра Георгиевска и Сашо Тодоровски, а играат учениците од средното училиште „Перо Наков“.

Средношколци ја играат „Госпоѓа министерка„

Актерската екипа ја сочинуваат Марија Коцевска, Дејвид Стиолковски, Милена Стојановска, Мартин Павловски, Димитар Петрушевски, Стефан Павличек, Јована Спасовака, Николај Павловски, Ивана Мадиќ, Гоце Хаџиски, Сара Спасовска, Столе Јаневски, Кристина Петрушевска и Катерина Стојмановска.

Поради големиот интерес, реприза на претставта ќе се игра утре во 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk