Средношколци од Куманово и Велес во посета на липковско

29.03.2017 08:08 | KumanovoNews

 Учениците од средните училиште „Наце Буѓони“ од Куманово и „Коле Неделковски“ од Велес вчера посетија неколку знаменитости, меѓу кои џамијата и вештачките езера во општина Липково.

Средношколци од Куманово и Велес во посета на липковско

Посетата се реализира како дел од проектот за меѓуетничка соработка „Заедно сме посилни“, а целта е да се подобрат меѓуетничките односи преку заеднички активности во етнички мешани групи. Учениците да комуницираат едни со други и на тој начин да се запознаат со меѓусебните сличности и разлики и со верските и културнита знаменитости на различни етнички заедници.

Во проектот се вклучени се 28 ученици, 12 професори и родители од двете партнерски училишта.

Втората средба ќе се реализира во велешкото село Богомила при посета на црква и манастир, а проектот ќе заврши со квиз натпревар и работилница на која ќе се презентираат посетените места и ќе се изработат брошури од посетените верски објекти.

 Учениците од двете партнер училишта веќе имаат воспоставено и се во постојан контакт преку низа реализирани активности во текот на последните три учебни години почнувајчи од учебата 2013/14 година.

Проектот подржан од Министерството за образование и наука.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk