Средношколци од “Наце Буѓони“ ќе држат предавања за основци

24.01.2014 09:33 | KumanovoNews

Средношколци од здравствената струка во техничкото училиште “Наце Буѓони“ во второто полугодие ќе држат предавања на актуелни теми за ученици од основните училишта.

Средношколци од “Наце Буѓони“ ќе држат предавања за основци

Имаме презентација на тема “Наркоманија“ со вистински лик кој го раскажува искуството како од роденденска забава земал дрога  и завршил во Психијатриска болница. Не се открива идентитетот на човекот, а приказната е многу поучна. Младите ќе научат дека треба да бидат внимателни за да не западнат во канџите на дрогата - вели Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ, професор по стручни предмети во “Наце Буѓони“.

Во наредниот период средношколците планираат да направат предавање за старите лица во “Зафир Сајто“ и да ги едуцираат за висок крвен притисок и шеќер во крвта

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk