Средношколците од понеделник ќе ja бојкотираат наставата

04.04.2015 12:31 | KumanovoNews

Средношколците од понеделник ќе ја бојкотираат наставата, најавија денеска од Средношколскиот пленум.

Средношколците од понеделник ќе ja бојкотираат наставата

Средношколците бараат надлежните од Министерството за образование и наука јавно да кажат дали ќе се полага математика на државна матура или не, и да се укинат лошите реформи во образованието како што е екстерното тестирање.

“Бојкотот ќе трае се додека МОН не ги прими нашите претставници на дебата и ќе биде проследен со вонучилишни активности. Ги замолуваме сите ученици да се присутни на училиште. Бојкотот подразбира неследење на наставата, а неодењето или одењето  на тестовите, испрашувањата е на одговорност на самиот ученик. Во прв план ни е математика на државна матура, а во втор план да се стави во мирување екстерното кое е лоша реформа“- изјави Драгана Коцевска, член на Средношколски пленум.

Средношколците тврдат дека наставниците ја подржуваат нивната одлука, и најавија дека на училиште наместо да учат ќе седат на часови и ќе играат карти, друштвени игри, фудбал,  ќе организираат активности за промоција на Средношколски пленум, а за наредните денови планираат да одржат и трибина во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk