Средношколците утре на протест

16.04.2015 12:14 | KumanovoNews

Средношколците утре во 12 часот ќе протестираат на Градскиот плоштад, по што ќе се упатат до канцелариите на Министерството за образование и наука.

Средношколците утре на протест

Од Средношколскиот пленум велат дека и утре ќе има минимум настава, а на протестот очекуваат поддршка од наставниците, родителите и граѓаните. Со протестот сакаат да покажат револт поради лошите реформи во образованието и игнорантскиот однос од МОН.

“Протестот ќе почне од Градскиот плоштад, ќе одиме до подрачното МОН и пак ќе се вратиме на плоштадот. Ги повикуваме сите родители, баби, дедовци, сите граѓани кои не поддржуваат да ни се приклучат. Наставата ќе се одвива како и денеска, со скратени часови“ - изјавија од Средношколскиот пленум.

Од Наставничкиот пленум во Куманово, објаснуваат дека ги поддржуваат учениците, но денеска попладне ќе одлучат дали и тие ќе се приклучат на протестот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk