Средношколците во четврток на протест

19.10.2015 11:10 | KumanovoNews

Средношколскиот пленум во четврток организира протест во Куманово.

Средношколците во четврток на протест

Учениците во 12.15 часот ќе се соберат пред Гимназијата “Гоце Делчев“, по што ќе се упатат на Градскиот плоштад за да го изразат нивниот револт затоа што нивните барања за кои протестираа лани не беа прифатени од надлежните.

Овој пат ќе протестираме, но настава ќе држиме редовно. Барањата се исти како лани. Бараме новиот модел на полагање на државна матура да важи за учениците кои допрва ќе се запишат, а за оние  кои се запишале по стар модел , да важи стар модел. Полагањето на екстерното тестирање да се видоизмени, но во работните групи да учествуваат и наши претставници и за други одлуки кои ќе се носат понатаму, да се консултираат средношколците“ - изјави Никола Крстевски од Средношколски пленум Куманово.

Лани средношколците повеќе пати протестираа во Куманово, а учествуваа и на протести во Скопје со барање да се укине екстерното тестирање и лошите реформи во образованието.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk