Средношколец од Куманово осомничен за препродажба на марихуана

01.04.2023 11:20 | Сузана Николиќ

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 18 години за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Средношколец од Куманово осомничен за препродажба на марихуана

„Осомничениот, ученик во четврта година во средно училиште, неовластено заради продажба држел 171,72 грама марихуана, која ја набавил од лице со неутврден идентитет. Дрогата ја препакувал и ја подготвувал за препродажба. Во неговиот дом била откриена и дигитална вага со остатоци од марихуана“, соопштува ОЈО Куманово.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk