Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Средношколскиот пленум Куманово реагираат дека вчера екстерното тестирање доцнело повеќе од еден час поради технички проблеми.
Учениците не се откажуваат и понатаму ќе бараат укинување на екстерното тестирање.
Имаше технички проблеми поради кои се чекаше повеќе од еден час да започне тестот. Ова е уште еден показател за техничката неефикасност на овој систем. Жално е што надлежните се глуви при нашите обиди да укажеме на проблемите, меѓутоа ние ќе бидеме упорни и понатаму ќе се трудиме да биде чуен гласот на средношколците. Во најскоро време ќе оддржиме генерален состанок, после кој ќе следат конкретни активност“-велат од Средношколскиот пленум Куманово.
Албанските ученици планираа кампања со која ќе укажат на лошите услови во образованието, но во меѓувреме добиле ветување дека во септември годинава ќе бидат преземени мерки за подобрување на состојбата и засега кампањата е стопирана.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk