Средношколски собир „Заедно за подобро образование“

15.02.2016 12:28 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад денеска се одржа средношколскиот собир „Заедно за подобро образование“, организиран од Средношколски пленум Куманово.

Средношколски собир „Заедно за подобро образование“

Средношколците бараат укинување на екстерното тестирање и изнаоѓање на нов модел прифатлив за сите, и да се полага државна матура по стариот модел.

На денешниот собир најмногу ќе се говори за изминатиот циклус за екстерно тестирање за матурантите, но и за Средношколскиот пленум како пример за заедништво помеѓу учениците и како тоа желбата за подобро образование ги сплоти учениците по многу годишните поделби на различни основи. Во изминатиот период покажавме и докажавме колку сме упорни и дека ние нема да застанеме во нашата борба за подобро образование. Се додека не биде слушнат нашиот глас ние ќе продолжиме со нашите активности - вели Никола Крстевски од Средношколски пленум Куманово и ученик во Гимназија „Гоце Делчев“.

Учениците велат дека екстерното негативно влијае на нивниот успех, а воедно има и казни за професорите.

Треба екстерното да го укинат затоа што е лошо и за нас учениците и за професорите. Немаме време да се подготвиме и прашањата не се многу логични. Исто така тоа е многу лошо за професорите бидејќи им кратат од плати - изјави Јован Минковски, ученик од „Наце Буѓони“.

Средношколците  кажаа дека немаат притисоци да не излегуваат на собирот, единствено собирот беше планиран да се одржи пред „Сами Фрашери“, а потоа беа принудени да бараат нова локација за одржување на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk