Средовечен маж се удави во река во Длабочица

26.02.2013 11:34 | KumanovoNews

 Радован С. (51) од селото Цветишница синоќа се удавил во река во селото Длабочица.

Средовечен маж се удави во река во Длабочица

Несреќата се случила синоќа околу 22 часот, кога Радован сакал да ја помине надојдената река со неговиот пријател. Приближувајќи се до водата се лизнал и паднал. Вода го повлекла и не успејал да се спаси. Негов пријател се обидел да му помогне, но безуспешно.

Безживотното тело е пронајдено утринава на 2 километра од местото на несреќата. Специјални екипи на МВР ќе го вадат телото на починатиот поради тоа што било заглевено на седина на реката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk