„Срма“ ќе настапи на „Балкански денови“ во Минхен

10.03.2014 13:17 | KumanovoNews

Детско - младинскиот ансамбал „Срма“ од Куманово од 14 до 19 месецов ќе учествува на 8 - те по ред „Балкански денови“ во Минхен, Германија.

„Срма“ ќе настапи на „Балкански денови“ во Минхен

Фестивалот не е со натпреварувачки карактер, туку целта е да се претстави балканската култура и менталитет пред германската публика.

Покрај фолклор ќе има шандови, меѓу нив и македонски поставени од страна на Македонски културен центар „Илинден“. Ќе има оригинални маички со натписи, шалови, знаменца, прекрасно македонско вино, вкусни пити и погачи. Овој уникатен настан ја слави различноста на Југоисточна Европа, како што е промовирањето на дијалогот на културите во баварскиот град.  Посетителите можат да се прилагодат на различни програма која нуди по нешто за сечиј вкус - вели Ивица Илијевски, претседател на Македонски културен центар „Илинден“.

„Срма“ досега настапувала во Романија, Грузија, Албанија, Шпанија, Полска, Кипар и други земји.

Организацијата „Помош од човек на човек“ скоро една деценија ја организира манифестацијата „Балкански денови“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk