“Срма“ ќе настапи на фестивал во Романија

01.08.2014 12:11 | KumanovoNews

Детскиот младински ансамбал “Срма“ од 6 до 13 август ќе учествува на интернационален фолклорен фестивал во Тулча, Романија.

“Срма“ ќе настапи на фестивал во Романија

- Ќе се претставиме со кореографии од Куманово и Македонија. Фестивалот е со натпреварувачки карактер и таму во 1999 година добиваме награда “златна рипка“, но и овој пат се надеваме на успех - вели Марјан Бошковски, кореограф на “Срма“.

Во Тулча ќе се натпреваруваат учесници од 11 земји и 13 фолклорни ансамбли од Романија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk