“Срма“ успешно се претстави во Минхен

19.03.2014 09:12 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво “Срма“ успешно се претстави на “Балкански денови“ во Минхен, Германија.

“Срма“ успешно се претстави во Минхен

Играорците во петокот настапија на отварањето на фестивалот, а следниот ден имаа едночасовно претставување.

  Тие блеснаа и ја претставија Македонија најдобро што можеа. Сите присутни во салата беа воодушевени од кореографиите што ги изведоа младите кумановци. На “Балкански денови“, покрај настапот на „Срма“ имаше организиран штанд со оргинални македонски производи од страна на МКЦ „Илинден“ од Минхен, каде посетителите можеа да го вкусат прекрасното македонско вино, македонскиот кашкавал и сирење, прекрасните македонски пити и колачи, да се закитат со македонски ракотворби и многу други работи. Во недела членовите на „Срма“ имаа слободни активности и можност за дружење низ песна и оро со нашите иселеници во Минхен - вели Ивица Илијевски, претседател на МКЦ“Илинден“.

Членовите на “Срма“ ја посетија Општина Ратхаус во Минхен, многу знаменитости, музеи, а во Баравскиот Парламент ги прими Мархус Риндершпрахер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk