Српска државјанка лажно ветувала патување до Германија

17.10.2015 11:32 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.С.(40),  српска државјанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Српска државјанка лажно ветувала патување до Германија

Таа во текот на 2015 година на три лица од Кратово, Штип и Радовиш како и на членови на нивните семејства, лажно им ветила дека ќе им организира патување до Германија, каде ќе побараат азил. За услугата пријавената им зела пари  стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.330 евра и 2.000 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk