Српска странка слави Сретение Господово

15.02.2016 12:10 | KumanovoNews

Српската странка денеска во своите партиски простории во Куманово слави слава Сретение Господово.

Српска странка слави Сретение Господово

Ова е втора година како ја одбележуваат славата и тоа е одлука на централниот одбор на партијата, на ниво на цела Македонија да се слави славата.

Бевме на литургија во црква, во 11 часот беше сечењето на славскиот колач и во 12 часот ни доаѓаат гостите од Србија, амбасадата, поканети се Зоран Заев бидејќи ни е коалиционен партнер и градоначалникот Зоран Дамјановски. Имаме потврда дека ќе дојдат. Мислиме дека по ВМРО и СДСМ во Куманово сме трета партија, несметајќи ги албанските партии нормално во Куманово - изјави Мирослав Јовановиќ, претседател на Српска странка.

Јовановиќ беше кум оваа година на славата, а за следната година кум ќе биде Ненад Ѓорѓевиќ.

На прославата присуствуваа и гости од Србија кои кажаа дека со партијата имаат одлична соработка.

Нашата соработка е исклучиво добра, затоа што добар дел од луѓето се по потекло од нашата општина и се дружиме, видуваме, доаѓаат во Трговиште и ние доаѓаме овде на денешниот празник кој го одбележуваат. Инаку е и ден на одбележување на државноста на Република Србија - вели Ненад Крстиќ, градоначалник на Трговиште.

Гостите беа пречекани традиционално со леб и сол, а за нив беше подготвена и богата трпеза.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk