Српската амбасадорка во посета на Општина Куманово

29.03.2022 13:43 | Сузана Николиќ

Амбасадорката на Република Србија Невена Јовановиќ, денеска беше во официјална посета на Општина Куманово. 

Српската амбасадорка во посета на Општина Куманово

На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски и секретарот на Општината Александар Гелевски, било изразено задоволство од досегашната успешна соработка која донела долгогодишни значајни резултати.

„На средбата ја истакнавме волјата за одржување на пријателството преку соодветни решенија, кои ќе донесат високо ниво на реализација на бројни проекти. Согласно изградената добра основа, преку вложени напори за унапредување на коректните односи и продлабочување на плодната соработка, се очекува спроведување на проекти во повеќе општествени области“, рече Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk