Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Српската партија во Македонија, Мирослав Јовановиќ од Куманово ќе стане пратеник, откако избраниот пратеник од СДСМ Оливер Спасовски во новата Влада ќе биде министер за внатрешни работи.
Српската партија во Македонија е коалиционен партнер на СДСМ и Јовановиќ беше кандидат за пратеник во Изборната единица 2, под реден број 9.
Со повлекување на Спасовки од пратеничката функција тој е следен на листите за пратеници во Собранието.
Јовановиќ е дипломиран машински инжинер, професор во средно техничко училиште и гимназија во Прешево.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk