Српската претстава „Запознај го мојот татко“ вечерва на „Денови на комедија“

14.10.2019 10:01 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 20 часот, на претпоследната вечер од Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“, ќе биде прикажана српската комедија „Запознај го мојот татко“.

Српската претстава „Запознај го мојот татко“ вечерва на „Денови на комедија“

Претставата е во режија на Сташа Копривица, работена според текстот на Алан Ејборн.

Во комедијата станува збор за млад и перспективен човек Грег, кој е решен да се ожени за жената од неговите соништа. Меѓутоа нејзината биографија е доста „бујна“, па затоа Грег ќе реши да се запознае со нејзините родители без да и` каже. Што ќе се случи понатаму и како од заплетот ќе се дојде со комични елементи до расплет и соочувањето со тоа дека оти една вистина не е целосна, ќе ни покаже самата претстава.

Актерската екипа е составена од: Нина Јанковиќ/Драгана Дабовиќ. Катарина Гојковиќ, Андреј Шепетковски и Андрија Даничиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk