Српската странка ги повика членките на осмомартовски марш

02.03.2018 17:43 | KumanovoNews

Српската странка во Македонија, Унија на жени, ги повикува сите свои членки и симпатизерки, во недела на 4 март да присуствуваат на традиционалниот oсмомартовски марш, кој го организира СДСМ, а ќе се одржи во Куманово.

Српската странка ги повика членките на осмомартовски марш

 „Осми Март е само еден ден во годината кога се сеќаваме на борбата за женските права, ама никако не смееме да заборавиме дека таа борба сеуште трае. Треба да инсистираме на рамноправност на половите и денешниот ден треба да не потсети зошто го славиме 8 Март и што тој датум покажува. На Меѓународниот ден на жената се слават економските, политичките и општествените достигнувања на припадничките на понежниот пол. Идејата за одбележување на Меѓународниот ден на жената се појавила на почетокот на 20. век, во времето на брза индустријализација и економска експанзија, поради која често доаѓало и до протести поради лошите услови за работа, - соопштуваат од Унијата на жени на Српската странка во Македонија.

Маршот ќе започне во 12 часот од пред спортската сала во Куманово. 

Од партијата  на сите припаднички на понежниот пол им го честитаат празникот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk