Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на Српската странка, вчера ја прославија партиската слава „Сретење-Господово“.
По традиционалните православни обичаи, утрината членовите беа на утринска литургија каде е пресечен славски колач и избран кум на славата.Годинешниот кум Ненад Николиќ, кумството го предаде на Ненад Младеновиќ од село Табановце.
Прославата продолжи во еден од кумановски ресторан во присуство на гости од општествениот и пoлитичкиот живот во градот и државaта, како и пријатели од Србија.
„Оваа слава ја славиме од формирање на партијата. Самиот збор Сретење значи Господ се среќава со луѓето. Oвој празник е 40 дена по Божиќ и уште толку пред Велигден, и претставува еден од најголемите празници во православието. Сакам да ја искористам оваа прилика и да го честитам Денот на државноста на Република Србија, кој се обележува денеска“, -изјави претседателот на партијата и пратеник, Мирослав Јовановиќ.
Јовановиќ смета дека Србите во Македонија во минатите десетина години изгубиле многу во образованието и културата, поради предходната владејачка гарнитура.Тој најави дека ќе се врати местото и значењето на српската заедница со доаѓањето на новата власт во која тие се коалициони партнери.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk