Српската заедница ќе го прослави „Свети Сава„

25.01.2011 13:07 | KumanovoNews

 Обединетата српска заедница во Македонија, во соработка со основните училишта „Браќа Рибар„ и „Вук Караџиќ„ по повод Свети Сава организира  прослава на националниот празник на Србите.

Српската заедница ќе го прослави „Свети Сава„

Свеченоста ќе се одржи во Младинскиот културен центар „Козјак„ во четврток со почеток во 12 часот.

На прославата ќе бидат изведени повеќе музички и драмски точки на ученици од двете училишта, а ќе бидат поделени и награди на учениците од конкурсот што го организираше Коло на српските сестри. Присутните ќе ги поздрави амбасадорот на Србија во РМ, Томислав Ѓурин- рече Часлав Јовановиќ, претседател на ОСЗМ.

Ќе присуствуваат повеќе гости меѓу кои амбасадори, градоначалници, советници, претставници на политичкиот и општествениот живот во градот. Централната прослава на Србите во Македонија во организација на српската амбасада ќе се одржи во петок во селото Кучевиште. 

Обиденатата српска заедница организира превоз за нашите членови и пријатели, и со два автобуси ќе заминеме да се приклучиме на прославата. Таму ќе присуствуваат високи државни претставници, членови на Српската академија на науки и уметности, образовни и културни институции од Република Србија. Најавено е присуството на министерот Ивица Дачиќ, а од музичките уметници ќе присуствува Бора Дугиќ, Јелена Томашевиќ и Ана Бекута-вели Јовановиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk