Српската заедница организира Светосавска академија во Куманово

22.01.2019 10:03 | KumanovoNews

По повод националниот празник на Србите во Македонија, Свети Сава, Српската заедница во Македонија регионален одбор Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), организираат Светосавска академија.

Српската заедница организира Светосавска академија во Куманово

На манифестацијата ќе присуствуваат и ќе се обрати претседателот на Одборот за дијаспора и Србите во регионот Миодраг Линта, а ќе присуствува и амбасадорката на Р.Србија во Македонија како и други високи гости.

Светосавската беседа ќе ја  прочита познатиот српски режисер, публициста и писател Драгослав Бокан. Манифестацијата ќе ја збогатат актерите од Народниот театар од Белград, Лазар Дубовац, Ташана Ѓорѓевиќ како и познатиот музички состав „Ступови“. Исто така дел од академијата ќе биде и КУД „Српски вез“ со неколку свои кореографи.

Манифестацијата ќе се одржи во Кумановскиот театар, во сабота, со почеток со почеток во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk