Српски туристи ја “закочија“ патарина Романовце

01.07.2013 10:36 | KumanovoNews

Голем метеж од возила утринава има на патарината Романовце поради што патниците чекаат и по 20 минути. 

Српски туристи ја “закочија“ патарина Романовце

Се работи за српски туристи кои се упатуваат кон граничен премин Богородица. Тој застој е актуелен последниве два часа. Имаше и едно расипано возило  во колоната, но тоа е подигнато - велат од Авто Мото Сојузот на Македонија. 

Викендов состојбата на граничните премини беше нормална без некоја зголемена  фреквенција и чекање за влез и излез од земјава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk