„Српски вез“ ќе одржи годишен концерт

29.10.2015 10:00 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во сабота во 19 часот, годишен концерт ќе одржи културно-уметничкото друштво “Српски вез“.

„Српски вез“ ќе одржи годишен концерт

За посетителите ќе има богата програма која ќе трае час и половина.

Ќе се претстави најмалата група со кореографијата левац, средната група со кореографија од Пчински игри и првиот ансамбал со два сплета, игри од кумановско поле и игри од Шумадија. Ќе настапи и огранокот од Старо Нагоричане со сплет игри од Србија и ќе се презентираат новите носии сошиени од работилницата. Ќе настапат и солистите од печајката секција Гордана Кузмановска и Дејан Петковски - изјави Далибор Китановиќ, претседател на „Српски вез“.

На концертот ќе има гости од Белград, Босилеград, Сурдулица, Бујановац, Врање и Скопје.

За билети граѓаните можат да се обратат  во комитет на прв кат, секој работен ден од 10 до 14 и од 18 до 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk