“Српски вез“ ќе соработува со “Бранко Радичевиќ“

20.07.2015 10:42 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво “Српски вез“ потпиша меморандум за соработка со друштвото “Бранко Радичевиќ“ од Земун, Србија.

“Српски вез“ ќе соработува со “Бранко Радичевиќ“

Меморандумот е  за меѓусебна соработка во областа на зачувањето, ширењето и унапредувањето на српската култура, традиција и фолклорот.

„Меморандумот предвидува меѓусебно партнерство, размена на искуство, организирање на заеднички концерти, размена на ансамбли, меѓусебни гостувања и така натаму. На состанокот исто така беше договорено гостување на “Српски вез„ во Земун кон крајот на август, исто така беше договорен настап на првиот амсамбал на КУД “Бранко Радичевиќ“ на годишниот концерт на “Српски вез“ кој ќе се одржи во Центарот за култура во Куманово во октомври оваа година„- рече Далибор Китановиќ, претседател на “Српски вез“.

Посетата на друштвото од Земун се реализираше деновиве.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk