Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово доби книги од „Клуб пословних људи“ од Белград, Србија.
Донацијата беше врачена викендов, при официјална посета на друштвото.
„Донацијата се состои од преку илјада книги на српски јазик, пред се енциклопедии, белетристика, а ќе ни користат за создавање на библиотека на „Српски вез“. Дониран ни е и еден лап-топ, а за најмладите членови од малата и средна фолклорна група им беше поделен комплет училишен прибор. Донаторите најавија дека наскоро ќе ни донесат и една хармоника“, - изјави Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез„.
Според гостите, целта на донацијата е да се даде подршка на „Српски вез“ во неговите напори да ја сочува српската култура, идентитетот и српскиот јазик на овие простори.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk