Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за млади во општина Старо Нагоричане утре, ќе биде отворена изложба со носии, украси, сувенири, фотографии.
Изложбата ја организираат општината и културно-уметничкото друштво „Српски вез“, по повод завршување на проектот кој го работеа и ќе биде презентирано сè што беше сработено во работилницата. Проектот е добиен од страна на Европската унија и носи наслов „Преку традиционалните културни вредности на заедниците, до подобар живот на граѓаните во општината Старо Нагоричане“ и е подржан од Советот на Европа. Изложбата ќе биде отворена во 19 часот и ќе трае неколку дена, а понатаму се планира презентирање на изложбата во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk