„Српски вез“ на Голема Богородица во Косово

27.08.2018 13:01 | KumanovoNews

 По повод големиот христијански празник „Пресвета Богородица“, КУД „Српски вез“ ќе учествува на „Велико Госпоински сабор“ во Лепосавиќ, Косово.

„Српски вез“ на Голема Богородица во Косово

На манифестацијата ќе се претстави со две свои кореографии, со оркестарот и пејачката секција.

На прославата ќе учествуваат и културно-уметничките друштва „Коло“ Белград-Србија,„Морача“ Скадар-Албанија, „Пресвета“ Вуковар-Хрватска, „Коло“ Беране-Црна Гора, Национален ансамбл  „Венац“ Грачаница и КУД „Копаоник“ Лепосавиќ.

        Манифестацијата ја организира КУД „Копаоник“ од Лепосавиќ под директно покровителство на Министарство за култура на Р.Србија, Канцеларија за Косово и Метохија, Општина Лепосавиќ ,а медиски покровител е Радио телевизија Србија (РТС).     

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk